-->
-->
Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-->

Тетовец пријавил дека бил измамен при продажба на товарно моторно возило и дека останал и без возилото и без договорените 11.000 евра.
Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово од 59-годишен жител на тетовско село. Според неговата пријава, во април годинава се договорил со С.Б. од Скопје да му продаде товарно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.
Договорената цена изнесувала 11.000 евра, а плаќањето требало да се врши етапно. Сепак, до моментот на пријавувањето, пријавителот не ги добил договорените средства, а возилото не му било вратено.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
