Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето

Детски роман од 1893 година од американскиот писател Ингерсол Локвуд повторно ја разгоре теоријата на заговор дека синот на Доналд Трамп, Барон Трамп е патник низ времето…
Книгата „Чудесното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче по име Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со придружник по име Дон. Овие имиња и мотиви беа предмет на шпекулации на социјалните мрежи во последниве години, а приказната доби ново внимание откако Лара Трамп зборуваше за тоа во својот подкаст. Сопругата на Ерик Трамп, имено, во емисијата „Вистинскиот поглед со Лара Трамп“ ги отфрли ваквите тврдења.
– Барон Трамп не е патник низ времето. Тоа е луда теорија! Го познавам Барон 18 години и го гледав како расте, рече ТВ-водителката.
Приказната и „пророчките предвидувања“ за иднината беа дополнително поттикнати и од политичкиот роман на Локвуд, „Последниот претседател“, каде што политички „аутсајдер“ од Њујорк станува претседател на САД, додека градот е во превирања по изборите. Некои интернет-корисници гледаат сличности со современите настани околу Доналд Трамп, имајќи ги предвид протестите во Њујорк по неговата инаугурација. Застапниците на теоријата, исто така, посочуваат дека чичкото на Доналд – Џон Трамп, наводно, имал пристап до трудовите на Никола Тесла, па сѐ тоа се спојува и со наводните цртежи со футуристички вселенски летала од уметникот Чарлс Делшау на коишто се наоѓа зборот „Трамп“ и броевите 45 и 47… Трамп, патем, е 45-ти и 47-ми претседател на САД.
Прашањето за патувањето низ времето останува предмет на научна фантастика и теоретска дебата. Физичарот Стивен Хокинг еднаш скептично рече: „Најдобриот доказ што го имаме дека патувањето низ времето, не е можно и никогаш нема да биде – е тоа што не сме биле преплавени од толпа туристи од иднината“.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
