Најнова технологија за косините кај Ботун
Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјишето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево. Станува збор за градежна техника која за прв пат се користи не само во Македонија, туку и на Балканот.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека специфичните услови на терен со нестабилно земјиште и присуство на вода досега претставувале сериозен предизвик за изградбата но со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение.
Првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта Трајановски посочи дека направени се дополнителни гео истраги во должина од седум километри за да се провери на кој начин и со која технологија ќе биде стабилизирано земјиштето.
Инаку од вкупната должина на автопатот Кичево – Охрид која е 57 километри, досега се изградени 37 километри, а 34 километри се во функција.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
