Тензии во Собранието - опозицијата бара да се гласа за декларацијата за Гоце Делчев, блокирани неколку комисии
Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за ликот на делот на Гоце Делчев ја подгреа денешната атмосферата во собраниските клупи. Пратениците на опозициската партија со маички со ликот на Гоце Делчев предложија Декларацијата да биде ставена на дневен ред на денешната комисија за надворешни работи која ја води нивниот пратеник Милошоски. Тоа пак, ги натера пратениците од владејачките СДСМ и ДУИ да ја напуштат Комсијата и да го нарушат кворумот со цел да ја прекинат расправата.
„Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација! Подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно имаат цели да отворат поделби меѓу македонскиот народ. СДСМ и коалицијата нема да учествува во нивниот дневнополитички театар на кој единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“
Тензичната атмосфера меѓу власта и опозицијата на двата пати продолжи и во Комисијата за политички систем.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека со злоупотреба на европското знаменце на Законот за Академија на судии и обвинители власта се обидува да го партизира судството.
Власта и опзоцијата имаат и разлики и во Комисијата за избори и именувања каде треба да се изберат 4 уставни судии.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
