Македонија
1. March 2022 - 16:36

Тензично во Собранието - Џафери предлага смена на пратеникот кој и направи мнозинство на опозицијата во Комисијата за избори

Нови тензии во собраниската сала. Спикерот Талат Џафери на седница побара пленумот да го разреши Фадил Зендели од БЕСА од Комисијата за избори и именувања со цел власта да го поврати мнозиството во ова собраниско тело на кое треба да се избераат 4 уставни судии. 

Опозицијата овинува за кршење на Деловникот. Како одговор се најавуваат дури и стотици амандмани на предлог - Одлуката на Џафери, но и на други закони.  Џафери вели дека заканите нема да им успеат.

Намера да отстапи од позицијата нема ни пратеникот Зандели. Власта пак, инсистира на мнозинство во ова тело.

Претходно, мнозинството ги одби предлозите на опозцијата за покачување на пензиите, повисоки плати на пензионерите, 50 отсто помала акциза за безнините и помало ДДВ за одредени производи.