Македонија
10. August 2026 - 11:50

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. 

Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени. 

 

МИА

Ново на Сител