Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро вчера вечерта е пронајдено безживотното тело на 31-годишен скопјанец, кој ден претходно бил пријавен за исчезнат, информира СВР Охрид.
Според полицијата, синоќа околу 22 часот службеници од езерската полиција и од СВР Охрид во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното во водите на Охридското Езеро, го пронашле безживотното тело на Б.С. (31) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а препознавањето го извршил член на неговото семејство. По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Б.С. на 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид бил пријавен за исчезнат од неговиот татко З.С. (68) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
