Тејлор Свифт ја освои главната награда на MTВ Видео музички награди

Забележителната кариера на Миси Елиот, раперка, пејачка, текстописец, продуцент и танчерка, чии спотови го придвижија музичкиот свет во последните две децении, доби признание за својата креативност на MTВ Музички и видео награди за 2019 година, каде Тејлор Свифт ја освои главната награда со својата геј песна „You Need to Calm Down“.
– Работев напорно две децении и никогаш не мислев дека ќе застанам тука и ќе ја добијам оваа награда, рече Елиот.
Наградата ја посвети на танчерската заедница и рече дека нејзините музички видео инспирации биле Џенет Џексон, Мадона, Питер Габриел и Баста Рајмс.
Тејлор Свифт ја освои наградата видео на годината со песната „You Need to Calm Down“, со која ја отвори вечерта на доделувањето на наградите, а подоцна ја испеа и баладата „Lover“, насловна песна од нејзиниот албум, објавен во петокот.
Во видеото, во кое Свифт ги повикува хомофобите и тие кои ја мразат, се појавуваат повеќе познати ликови, меѓу кои Елен Деџенерис, Лаверн Кокс, Ру Пол и бендот Квир Аја (Queer Eye).
Свифт синоќа освои три награди, со кои, заедно со Аријана Гранде и Били Ејлиш, имаше најмногу победи на вечерта.

Аријана Гранде е именувана за уметничка на годината, а Били Ејлиш е наградена за најдобра нова уметничка. Таа синоќа не присуствуваше на церемонијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
