Технологијата и интернетот ја менуваат и смртта?

Гласот на Америка - Вашингтон
Смртта е конечна, а на тие кои ќе го надживеат починатиот им остануваат сеќавања, фотографии и предмети од саканото лице. Меѓутоа, технологијата и интернетот можеби ќе ја променат и самата смрт, така што нечија дигитална трага ќе остане да живее и по нечија смрт.
Еден уметник во Лос Анџелес се заинтересирал за темата што би можело да се направи со податоците кои остануваат по починатите, па основал измислена компанија под името Институт „Хиарафтер“ која покажува како би можеле да ги помниме мртвите во иднина. Еве што се е можно да се направи со нечии дигитални податоци по нивната смрт.
Институтот е технолошка компанија, а во дел и погребна служба. Посетителите добиваат информации како можат да го планираат својот дигитален посмртен живот.
- Имам пријатели кои се починати, но нивните Фејсбук профили некако останаа живи и така еднаш годишно, кога им е роденден Фејсбук пишува - посакајте му на тоа лице среќен роденден. Мислам дека тоа е непријатно и тажно, вели учесничка на програмата Каролина Миранда.
Што се случува со огромниот број дигитални податоци на едно лице откако ќе почине е прашање со кое се бавел Габријел Барсија-Коломбо во оваа виртуелна уметничка програма во Музејот на уметноста во Лос Анџелес. Учесниците учествуваат во многу интерактивни перформанси во врска со смртта и технологијата во време на социјалните медиуми.
- Оваа технологија може да се каже дека го живее својот живот и прашање е како би сакале да останете запамтени? Што ќе направите со својата технологија и дали сакате да имате контрола во врска со тоа или сакате да пуштите корпорациите или други луѓе да управуваат со вашата меморија?, вели тој.
Видео материјалот може да се смести во ѓердан. Податоците можат да се внесат на плоча која ќе свири од споменикот. Виртуелната реалност им овозможува на луѓето повторно да ги посетат своите сакани кои се починати, во овој случај, дедото на Барсија-Коломбо.
- Со сите овие податоци и снимени спомени можеме да се присетиме какви биле движењата на телата на тие луѓе или како реагирале на шеги, како се смееле. За мене е многу сентиментално повторно да видите како некој оди, додава тој.
Откако телото на учесникот е скенирано за 360 степени, програмата генерира аватар и пред крајот на перформансот учесникот присуствува на сопствениот погреб. Институтот можеби е дело на уметници, но учесниците велат дека овие идеи и не се толку невозможни со оглед дека дигитални споменици веќе се случуваат по нечија смрт.
- Сакате да се вратите и да ги прегледате сите нивни фотографии и сакате да испратите порака до нивното семејство, вели учесничка на програмата Луси Редиола.
- Некои импровизирани дигитални споменици веќе постојат и мислам дека ова најавува дека еден ден сето тоа може да биде и официјализирано. И тоа не би ме изненадило, смета Каролина Миранда.
Целта на оваа програма е да ги натера луѓето да размислат за можностите и да одлучат на кој начин да се постапува со нивната дигитална трага по нивната смрт.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
