Течат финалните подготовки за имплементација на наставните програми за воведување на шахот како наставен предмет
Течат финалните подготовки за имплементација на наставните програми со кои од септември шахот станува изборен предмет за учениците од прво и второ одделение. Наставници кои прво ќе поминат обука ќе ги водат часовите, а доколку има потреба во наставата ќе бидат вклучени и лиценцирани шахисти. Од шаховската федерација велат дека ќе се изучуваат основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично.
Децата кои го изучуваат шахот од рани години имаат зголемена концентрација, подобро логичко размислување, a подобри се во решавањето проблеми, велат од Шаховската федерација.
Станува збор за модерна програма базирана врз позитивните искуства во Полска и Англија каде шахот веќе се применува во образовниот процес како задолжителен предмет.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
