Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон

По вооружениот инцидент на вечерата со дописниците во Вашингтон, на која присуствуваа претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, светските лидери го осудија нападот.
-Настан наменет да се оддаде почит на слободата на печатот никогаш не треба да стане сцена на страв, објави на Икс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека шокиран од пукањето на медиумската Гала-вечера во Вашингтон и изрази огромно олеснување што американскиот претседател и сите други присутни на настанот се безбедни.
-Секој напад врз демократските институции или врз слободата на медиумите мора да биде осуден на најсилен начин, наведе Стармер во Икс.
Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони, исто така на Икс, објави дека „политичката омраза нема место во нашите демократии“.
-Нема да дозволиме фанатизмот да ги затруе местата на слободна дебата и информации. Одбраната на културата на соочување мора да остане непремостлив бедем против сите форми на нетолеранција, со цел да се зачуваат вредностите врз кои се темелат нашите нации, посочи Мелони.
Инцидентот го осуди и шпанскиот премиер Педро Санчез.
-Насилството никогаш не е начин. Човештвото ќе напредува само преку демократија, коегзистенција и мир, истакна Санчез.
Претходно инцидентот го осудија премиерите на Канада и на Австралија, Марк Карни и Ентони Албанез и претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум.
Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари.
Тој е во притвор и утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје.
Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес е учител и програмер на видеоигри. Тој во хотелот бил пријавен како гостин. Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и имал неколку ножеви.
МИА
Ново на Сител
-

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата
-

Според најнов извештај на Репортери без граници, Србија најлошо рангирана во регионот
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест
-

„Си-Ен-Ен“: Според нецелосните проценки на Пентагон, војната против Иран досега чини околу 25 милијарди долари
-

Искршени врати, компјутери, смарт табли - Вандализирано ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, над 1.100 ученици нема да имаат настава
-

Вандализам е причината за немање на настава во најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
-

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“
