Судењето на Ѓоковиќ е вечерва во 23:30 часот

Судењето на Новак Ѓоковиќ пред Сојузниот суд на Австралија, ќе се одржи вечерва од 23:30 часот по средно-европско време. Ова е решено по прелиминарното сослушување пред судијата Џон О’Калахан.
Официјалната одлука, дали Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен, или ќе биде депортиран ќе биде донесена во ноќта помеѓу сабота и недела.
Прелиминарното судење беше процедурално и се однесуваше на поднесувањето на документацијата. Најважната одлука се однесуваше на тоа дали конечната одлука во случајот ќе ја донесе еден судија или совет составен од три судии.
Адвокатите на Ѓоковиќ побарале тоа да бидат тројца судии, додека обвинителот барал тоа да биде само еден судија. Судијата О’Калахан рекол дека утринава ќе биде донесена и таа одлука.
Новак Ѓоковиќ, го доби првиот спор со Валдата на Австралија, во врска со укинувањето на визата. Четири дена подоцна, министерот за имиграција, го искористи дискреционото право и повторно му ја поништи визата.
Новиот процес е префрлен од судот на Викторија, во Сојузниот суд.
Пред прелиминарното сослушување, Ѓоковиќ имаше разговор и во министерството за имиграција.
Ново на Сител
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
