Студија: Побрзо опоравување од Ковид-19 со комбинација од три антивирусни лека

Комбинација на три антивирусни лекови во третманот на Ковид-19, со примена на терапија која го зајакнува имунолошкиот систем, доведува до побрзо закрепнување на пациентите, покажа студија направена на Универзитетот во Хонг Конг.
Д-р Квок-Јунг Јен и неговите колеги од Универзитетот во Хонг Конг тестираа комбинација на три антивирусни лекови за лекување на пациенти заразени со новиот коронавирус.
Тепарија вклучува комбинација на ритонавир и лопанивир што се користи за лекување на ХИВ, бета интерферон, лек за мултиплекс склероза и ремедивир што обично се користи за лекување на Ковид-19. Сите пациенти вклучени во студијата имале благи до умерени симптоми на болеста, а терапијата била спроведена во првите седум дена по добивањето на позитивен резултат на тестот.
Една група пациенти била лекувана само со комбинација на лекови што се користат како терапија за ХИВ, додека другите биле третирани со комбинација на сите овие лекови. Истражувањето покажало дека првата група на пациенти биле болни во просек 12 дена, а другите седум дена.
Покрај тоа, пациентите третирани со комбинација на три антивирусни лекови биле во подобра состојба по само четири дена.
Оваа терапија е супериорна во однос на ритонавир и лопанивир во смисла на ублажување на симптомите на болеста и скратување на нејзиното траење, посочија авторите на оваа студија.
Тие велат дека терапијата е безбедна и дека има малку несакани ефекти, како и дека е многу важно да се започне со терапија што е можно поскоро по добивањето на позитивниот тест..
Д-р Питер Чин-Хонг од Универзитетот Калифорнија, во Сан Франциско, тврди дека оваа студија нуди нова надеж за третман на пациенти со Ковид-19. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека овие лекови се безбедни и лесно достапни, за разлика од ремдесивер.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
-

Протест на ССМ за повисока минимална плата и подобри услови за работа
-

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
-

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
