Студенти од САД со 66 ливчиња освоиле над шест милиони долари

Следејќи своја посебна шема за лотаријата во САД, четворица студенти од Принстон во Њу Џерси, преку 66 добитни ливчиња, успеале да освојат над шест милиони долари (околу 5,5 милиони евра), купувајќи лозови на различни места ширум земјата.
Според наводите, ништо не укажува дека Хана Давинрој, Зои Буонајуто, Мануел Монтори IV и Метју Гибонс постапиле незаконски – сите ливчиња се купени прописно во продавници и на бензински пумпи. Нивната најголема добивка – лоз вреден пет милиони долари (нешто повеќе од 4,5 милиони евра), Монтори го купил во американската сојузна држава Мисури.
Студентите купиле илјадници ливчиња… Некои би рекле оти тој успех е „среќа“ или посветеност што се исплатела, а други велат дека четворицата млади можеби нашле начин „да го надмудрат системот“ на лотаријата.
Професорот по статистика на Универзитетот во Калифорнија, Филип Старк, изјави за „Гуд морнинг Америка“ (Good Morning America), наведе дека е можно групата да ги анализирала јавно достапните податоци за минатото на лотаријата за да ја зголемат можноста за добивка.
Особено е занимливо сведоштвото на една продавачка од Блумингтон, Индијана, која за „Индијанаполис стар“ (The Indianapolis Star) изјавила дека Девинрој и Бунајуто, „заради истражување“, ѝ ги купиле сите лозови во продавницата. Сопственикот на таа продавница додава дека студентите ја замолиле да ги извести кога ќе пристигне нова пратка ливчиња, а девојките се враќале и повторно ги купувале сите. Продавачи од други сојузни држави раскажуваат слични приказни.
Ново на Сител
-

Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
-

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
