Стружани алармираат за проблем со кучињата скитници
Алармантна состојбата со кучињата скитници во струшко. Зачестени се нападите, само изминатата недела повредени се две малолетни деца и две жени кои завршија во болница, а удавено е и цело стадо овци од агресивни кучиња во селото Мислешево. Стружани се револтирани и загрижени за нивната и безбедноста на своите најблиски од глутниците, кои ги демнеат секојдневно, насекаде низ градот.
Струшкиот градоначалник, Мерко потврди дека загрижувачка е состојбата со кучињата скитници и најави дека до овој момент во градот има само еден волонтерски приватен стационар.
Проблемот со бездомните кучиња ги засега и туристичките работници тие во повеќе наврати апелираа за решавање на овој проблем бидејќи кучињата скитници доаѓаат и по плажите и ги вознемируваат гостите. Инаку, последните години граѓаните повредени од кучиња скитници се почесто бараат оштети кои општината ја чинат илјадници евра.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
