Македонија
6. April 2023 - 12:25

Стружанец стана првиот режисер со оштетен вид

27 годишниот Даниел Шикоски од Струга е првиот театарски режисер со оштетен вид кој дипломирал со просек 10. Тој вели како и секој човек, така и лицата со оштетен вид, имаат потреба од квалитетно образование и воспитание, кои понатаму ќе им ги отворат вратите на пазарот на трудот, и ќе им  овозможат стекнување пријателства и социјален живот.

Шикоски, кој денес  работи како негувател во „Порака Нова вели дека потребни се измени во законот за еднаков пристап на лицата со попреченост на пазарот на трудот.

Лицата со попречен вид, бараат  обезбедување на услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално така и на национално ниво.