Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.
Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот.
По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекле двете лица од непристапниот терен и ги предале на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.
Од ТППЕ Струмица информираат дека благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата завршила успешно.
Од единицата апелираат до граѓаните кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да бидат особено внимателни, особено во раните утрински и ноќните часови, при движење по стрмни и непристапни делови од теренот.
МИА
Ново на Сител
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
