Струга најавува решавање на проблемот со уличните кучиња
Струга најавува решавање на проблемот со уличните кучиња.Градоначалникот Мерко вели дека општината нема капацитет за отварање на Центар за нивно згрижување но ќе превземат активности за хуман третман односно контрола на популацијата преку стерилизација и кастрација.
- Кучињата скитници се голем проблем со кој треба да се справуваме. Ние работиме во изнаоѓање на решение со тоа што ние навистина како локална самоуправа не можеме сами да се справиме со кучињата скитници. И да направиме Центар за нивно згрижување кој може тоа да го издржи“), вели Рамис Мерко градоначалник на Струга.
Локалната изминативе години исплатила милионски суми за отштети кон нападнати жители од улични кучиња.
- Плаќаме големи оштети поголеми се оштетите него да се справуваме со проблемот. Тие средства можеме да ги дадеме на институцијата која ќе се занимава со таа проблематика“,
И додека граѓаните исплашени се жалат дека глутници кучиња секојдневно шетаат по улиците но и напаѓаат првиот човек на Струга Мерко тврди дека уличните кучиња се носат од другите градови и најави позасилени контроли од страна на надлежните.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
