Македонија
16. February 2023 - 12:20

Струга ќе ги заловува кучињата скитници, но тоа нема трајно да го реши проблемот

Струга започна акција за заловување и третман на бездомните кучиња во градот. Овластени лица за хуман третман од Ветеринарната клиника од Куманово, досега третирале десетина кучиња ,за оваа намена издвоени се 600 илјади денари.

Општината побара од полицијата засилени контроли и  на влезните точки во градот да се проверуваат возилата за кои постои сомнение дека носат бездомни кучиња од другите градови.

Овој зафат нема да го реши проблемот со глутниците кучиња, потребни се измени во законот и изградба на соодветен стационар.

Проблемот со кучињата скитници во Струга е актуелен години наназад, бројот на кучиња се зголемува од ден во ден, а нападите и каснувањата се речиси секојдневие.