Македонија
3. December 2023 - 16:46
Струга и Охрид се уште без стационар за бездомни кучиња
Југозападниот регион никако да добие стационар за хуман третман на кучињата скитници.Иако беше изработена физибилити студија и направени теренски снимања во општините за решавање на овој горлив проблем а беа одредени и две локации каде би се граделе едниот во Охрид а другиот во Струга од сето тоа сеуште ништо.
Општините наместо да плаќаат обештетувања на граѓани од каснати кучиња ќе треба да одвојуваат средства за одржување на стационарот.
Резултатот од немањето соодветна стратегија која долгорочно ќе го реши проблемот со кучињата кои талкаат по улици, е енормното зголемување на нивниот број .Секојдневно сме сведоци на нови случаи на нападнати или искасани граѓани од глутници кучиња.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
