Македонија
2. April 2022 - 16:36

Струга е еден од трите градови кои од последниот попис изгубиле најголем број жители

Струга трет град во земјава кој изгубил најмногу население во изминативе две децении .Според податоците од пописот општината изгубила 20 % од жителите денес таа брои 50 980, што е за 12 396 помалку во однос на пописот во 2002 година. Граѓаните сметаат дека ваквите бројки се должат на масовното ислување на младите во странство за подобар живот.

Граѓанските активисти пак сметаат дека пописот не ги покажува реалните бројки, бидејќи наспроти намалувањето на жителите има пораст на домаќинства и новоизградени станови .

И во Охрид има намалување на населението 4 321 лице помалку живее во градот споредбено со резултатите од пописот во 2002 година кога бројот на вкупно запишани граѓани изнесувал 55 749, според пописот од 2021 година нивниот број изнесува 51 428.