Македонија
22. December 2022 - 12:18
Струга доби дневен центар за деца со посебни потреби
Децата со посебни потреби од Струга конечно добија Дневен центар за згрижување ,едукација и нега.
Околу 20 тина лица ќе бидат сместени во објектот за кои ќе се грижат три воспитувачки и психолог.
Иницјативата на стружанецот Ергин Борова кој долги години живее во Холандија станува реалност но како што посочува тој не застанува тука неговиот сон е родно место да добие Дом за групно живеење.
Дневен центар за децата со посебни потреби, кој се реализира со меѓународни донации, поддршка од општината и волонтери ќе го олесни животот на семејствата со социјален ризик.
Инаку, во Струга повеќе од една година нема Дневен центар за лица со поебни потреби. До пред почетокот на пандемијата овие лица времето го поминуваа во Дневниот центар „Порака нова“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
