Македонија
7. August 2022 - 16:27
Странците се повеќе бараат кампинг туризам во Охрид
Активниот туризам се повеќе баран од страна на странските туристи. Посетителите кои се вљубеници во природата, водните спортови и планинарењето, наместо во хотели и апартмани бираат летен одмор во камп приколки, дрвени куќарки и шатори покрај Охридското Езеро.
Ова лето најбројни во камповите се гостите од Полска, Чешка и Словенија но не изостануваат ни оние од регионот и домашните.
Од активностите кои се нудат во камповите најатрактивни се нуркањето и кајакарењето.
Камповите распослани долж езерото овој период се преполни со туристи. Туристичките работници очекуваат закрепнување и враќање на туризмот како пред пандемијата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
