Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење

Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето.
– На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој апсорбира и расејува дел од високоенергетските честички што пристигнуваат од вселената. Меѓутоа, со зголемување на надморската височина, овој заштитен ефект се намалува. Тоа значи дека луѓето кои редовно се на височина се поизложени на поголеми количини космичко зрачење отколку луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат на земјата, велат експертите додавајќи дека и времето поминато во воздух има значајна улога.
Според нив, влијание има и географската ширина, бидејќи заштитата што ја обезбедува атмосферата е послаба во близина на половите отколку во подрачјата блиску до екваторот.
Тим научници предводен од хирургот и истражувач Вишал Пател од Медицинскиот факултет на Харвард, објасни дека членовите на авионскиот екипаж примаат најголема просечна годишна ефективна доза на јонизирачко зрачење од која било друга професија во САД, првенствено поради космичките зраци со кои се среќаваат на височините на комерцијалните летови. Резултатите покажуваат дека пилотите и стјуардесите годишно акумулираат од три до шест милисиверти космичко зрачење.
Според податоците од американскиот Национален систем за витална статистика, 12,7 милиони луѓе со различни професии починале од рак во периодот од 2020 до 2024 година. Болните биле поделени во две категории, односно пациенти болни од рак поради радијација и оние кои не биле подложни на неа. Резултатите покажале дека стјуардесите и пилотите имаат највисока, односно втора највисока стапка на смртност од рак поради радијација.
„Стјуардесите имаат 50 отсто поголема веројатност да заболат од рак поради радијација, додека пак ризикот кај пилотите е поголем за 36 отсто, покажува истражувањето.
– Примерот од екипажот ја потврдува хипотезата за професионална изложеност, заклучуваат епидемиолозите Кетрин М. Олсен од Универзитетот во Квинсленд и Кен Карипидис од Австралиската агенција за заштита од радијација и нуклеарна безбедност. Според нив, ваквите резултати укажуваат дека изложеноста на радијација на работното место може да биде поважен фактор од начинот на живот или социоекономските карактеристики на лицата вклучени во истражувањето.
Сепак, космичкото зрачење не е единствениот потенцијален ризик со кој се соочува екипажот.
– Изложеноста на УВ-зрачење низ прозорците од кабината може да е потенцијален ризик од рак, предупредуваат експертите.
Според авторите на студијата, новите сознанија треба да бидат поттик за подобрување на здравствената заштита во авијацијата.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
