Македонија
13. April 2022 - 19:57

Стејт Департментот го објави Извештајот за човековите права за земјава: Закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови

Владина корупција, полициска бруталност, лоши услови во затворите, закони кон новинари. Американскиот Стејт департмент го објави извештајот за човековите права за земјава од 2021 година.

Стејт департментот истакнува дека Владата сепак презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

Како посебни случаи на корупција во Извештајот се споменува оној за поранешниот генерален секретар на Владата Дргаи Рашковски, а се следи и случајот на поранешната специјална обивнителка Јанева чија пресуда од 2019 година за Рекет, годинава беше потврдена од скопска Апелација.

Од стејт департментот констатираат дека полицијата ја одржува внатрешната безбедност но и дека Народниот праборанител се уште верува дека проблем е полициската неказнивост.

Повикаувајќи се на оценките на ОБСЕ/ОДИХР се констатира дека изборите поминале во вистинска „конкуретност“ меѓу политичките субјекти и покрај пандемијата.