Стартен пораз на македонските кошаркарки во евроквалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27).
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки три поени (42-45) во 28 минута.
Најефикасна во македонските редови беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 кошеви, а поен помалку постигна натурализираната Американка Мерит Хемпе.
Во воведниот натпревар во рамки на квалификациската група Ц, Србија со убедливи 82-40 ја совлада Украина.
Македонските кошаркарки во второто коло, кое е на програмата в недела, ќе играат против Србија на домашен терен.
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
