-->
-->
Стармер соопшти дека поднесува оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија
-->

Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Тој рече дека утрово разговарал со британскиот крал Чарлс Трети за да го информира за својата одлука да поднесе оставка.
Стармер побара од Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање номинации за лидерство што ќе започнат на 9 јули и ќе завршат до летниот распуст. Тоа ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред да почне со работа Парламентот во септември. Дотогаш, како што појасни, тој ќе остане на функцијата.
Претходно тој изјави дека влегол во политиката за да добие можност да ги промени животите на милиони луѓе на подобро, објави Би-Би-Си.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
