Loading Video...
Македонија
25. March 2022 - 21:16

Станува ли препознатлив македонскиот фудбал во светот, анализа со Дарко Панчев

Ова најверојатно ќе биде златната генерација, но јасно е дека по победата на посилни репрезентации како Германија, и вчера Италија, македонскиот фудбал станува препознатлив, но и конурентен на европскиот.
 
Поранешниот фудбалски ас Дарко Панчев за „Сител“ вели дека овие репрезентативци се навистина храбри, а тоа им им носи и среќа и успех.
 
Сепак, според Панчев најголемата заслуга за победите ја има селекторот Благоја Милевски кој сосема ја променил тактиката на игра.
 
Но, дали македонскиот фудбал има иднина и дали сепак успехот не е резултат на фудбалерите кои играат во странски клубови? Панчев вели дека тоа е праксата и во Хрватска и во Србија, но дека репрезентацијата има иднина се додека се игра фудбал и дома.