Станари од Струга се жалат: Возрасна болна жена ќе ја запали зградата
Стружани стравуваат за својата безбедност. Две станарки од станбената зграда каде живеат се греат собирајќи најразличен отпад, од кој се шири непријатна миризба а и стаорци како што велат се шатаат во ходниците од заедничките просториии. Повозрасната жена која имала ментално нарушување неодамна предизвикала пожар во кој и самата настрадала. Во цела несреќа за среќа немало поголеми оштетувања.
Странарите велат дека животот им е вистински кошмар и не знаат на што ќе наидат утрото кога ќе се разбудат, досега не дале резултат ни разговорите со старицата, а ниту алармот за помош до институциите.
Стружани, од станбениот блок на улица „Маршал Тито“ бр.135, бараат на терен да излезат инспекторите и комуналното претпријатие а од социјалните служби пак да направат увид на состојбата на двете смејства за да не се случат посериозни катастрофи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
