ССМ го презема приматот на СОНК во преговорите со Владата
Репрезентативниот синдикат бара од Владата линерано покачување на платите во јавната управа, како што велат од чистачка до претседател, од 2.806 денари. Барањата беа доставени на првата рунда преговори по повод истекувањето на колективниот договор во овој сектор. На разговорите со вицепремиерот Битиќи биле поставени уште две други барања.
Од владата го потврдуваат социјалниот дијалог и велат дека синдикатите ќе бидат вклучени во пишувањето на новиот закон за плати во јавниот сектор што ќе важи од 1 јануари наредната година.
Позитивните сигнали претходно ги потврди и премиерот Ковачевски, кој освен новиот закон за најави и реформи во администрацијата.
Социјалниот дијалог меѓу ССМ и Владата се отвори на сред штрајк на вработените во училиштата и градинките за покачување на платите за 18,4 отсто и откако ССМ ја откажа поддршката на СОНК во нивните барања.
Со ова разговорите меѓу Владата и СОНК се во прекин, а штрајкот во образованието продолжува. Од министерството за образование со нови апели за настава.
Наставата од вторник тешко дека ќе се почне, но надлежните велат дека ќе направат напори часови да има барем кај дел од паралелките низ училиштата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
