Македонија
1. September 2021 - 16:47

Средношколците во Струга, Кичево, Тетово и Гостивар почнуваат он-лајн

Во првите седум дена од учебната година наставата во средните училишта во Струга ќе биде онлајн, по што ќе треба да се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата со КОВИД-19. Од училиштата Нико Нестор и Ибраи Темо велат дека иако доцна ја добиле информацијата сепак посочуваат дека првиот училишен ден тече во најдобар ред ,практичната настава се одвива со физичко присуство а останатите часови се онјалн.

Градоначалникот Мерко истакна дека иако побарале да се пролонгира наставата наместо од 1 да стартува од 20 септември сепак вели дека комисијата за заразни болести е таа која одлучува .

Инаку покрај Струга онјалн настава во првите 7 дена има и во Кичево поради ситуацијата со вирусот додека пак во средните училишта во Тетово и Гостивар учениците онјалн настава ќе следат во траење од 14 дена.