Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска

Денес преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“, кој бил направен за потребите на производство на електрична енергија. Сите три лица се спасени, се живи и, според првичните информации, немаат видливи повреди
Според информациите од Центарот за управување со кризи, силниот воден тек однел две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едниот 15-годишник бил веднаш извлечен од водата, додека другото малолетно лице и 18-годишникот биле пронајдени низводно по течението на Треска.
По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координирал спасувачката акција, при што биле ангажирани Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Али Мухамет, веднаш пристигнал на местото на настанот, каде ја следел и координирал интервенцијата. Во акцијата за пребарување и спасување учествувале пожарникари, полициски службеници, екипи на Итната медицинска помош, како и жители на Општина Сарај.
Надлежните повторно апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни при престој покрај реките, особено во близина на брани и хидроелектрани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
