Засилено полициско обезбедување за кошаркарите на Макаби во Валенсија

Повеќе од 700 полицајци ќе бидат распоредени вечерва на натпреварот од кошаркарската Евролига меѓу домаќинот Валенсија и Макаби Тел Авив, соопштија шпанските власти.
„Бидејќи власти прогласија натпревар од висок ризик, присутноста на безбедносниот и полицискиот персонал ќе биде засилена, а учесниците ќе бидат подложени на детални безбедносни проверки“, објави попладнево шпанскиот клуб.
„Воспоставивме глобална операција во која ќе работат повеќе од 700 припадници на националната полиција, униформирани и во цивилна облека. Исто така, би ги замолила навивачите да покажат малку трпение бидејќи овој пат пристапот со салата ќе биде повеќе контролиран“, изјави градоначалничката на Валенсија, Пилар Бернабе.
Стравувањата од можни инциденти на вечерашниот дуел во Валенсија се во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во кој на двете страни досега загинаа повеќе од 4.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
