-->
-->
Макс Ферстапен без проблеми победи и во Катар
-->

Трикратниот светски шампион Макс Ферстапен без никакви потешкотии победи на трката за Големата награда на Катар. Холанѓанецот ја разнесе конкуренцијата откако вчера ја обезбеди титулата во Формула 1 со второто место во спринтот.
Победникот на пократката трка во саботата, Оскар Пјастри, заврши на второто место, а тимскиот колега Ландо Норис ги заокружи првите тројца на подиумот.
Џорџ Расел стартуваше како втор, но заврши на четвртата позиција откако се судри со Луис Хамилтон на стартот.
Шарл Леклер ја зазеде петтата позиција. Топ 10 ги комплетираа Фернандо Алонсо, Естебан Окон, Валтери Ботас, Ленс Строл и Пјер Гасли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
