Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија
Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем исчекор кон пласман на Европскиот шампионат 2024-та година.
Во вториот натпревар од квалификациите нашите ракометарки ја победија Литванија и се радуваа на вториот триумф.
Во рамките од групата „5“ Македонија на гостувањето во Вилнус ја совлада Литванија со 31-28.
До 10-тата минута домаќинките беа оние кои постојано имаа гол предност. Со погодокот на Седлоска, Македонија за прв пат поведе со 8-7.
Токму нашата селекција беше првата која дојде до два гола предност (10-8) и тоа во 15.минута со реализираниот седмерец на Георгиевска.
На истекот на 27-тата минута жолто-црвените за прв пат создадоа четири гола предност (17-13). Но, со ракометарка помалку примија два брзи гола, па на одмор заминаа со два предност (17-15).
Литванките постигнаа уште два гола во низа на стартот на вториот дел и израмнија на 17-17. Не им требаше многу на нашите ракометарки повторно да ја вратат предност од три гола (20-17).
Домашната селекција во два наврати стигна до израмнување, но напите ракометарки не дозволија противникот да направи пресврт, па заслужено се радуваа на победата.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Сара Ристовска со 9 голови, додека Андреа Седлоска постигна 8, а Јована Саздовска 6 гола.
Со двете победа, македонските ракометарки се во „пол-позиција“ за освојување на едно од двете места што носат пласман на ЕП.
Сигурно дека фаворит за првото е Шпанија, против која ќе ги играме следните два натпревари (28 февруари дома и на 2 март на гостински терен).
Квалификациите ќе ги завршиме во април месец (2024) со дуелите против Азербејџан на гости (3 април) и Литванија дома (7 април).
Ново на Сител
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
