Македонските кошаркарки ги дознаа противниците во евроквалификациите
Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација ќе биде дел од групата „Г“ во квалификациите за Европското првенство 2025 и за пласман на завршниот турнир ќе игра против Србија, Украина и Португалија, одлучи денеска ФИБА со ждрепка во швајцарскиот град Мие.
Квалификациите за женскиот Евробаскет ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА и ќе почнат идниот месец, а ќе завршат во февруари 2025 година.
Согласно натпреварувачкиот систем, победниците на осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани репрезентации, земајќи ги предвид сите резултати во групите, ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.
Европското првенство, прв пат во историјата, ќе го организираат четири држави, Чешка, Германија, Грција и Италија, кои во текот на квалификациите ќе играат во иста група, но без натпреварувачки карактер.
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
