Ивановски ги мина квалификациите на Челинџерот во Братислава
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот од серијата 125 што се игра во Братислава.
Ивановски попладнево во финалните квалификации го совлада победникот на годинашново издание на „Macedonian Open“, Унгарецот Мате Валкуж со 2-0 во сетови (6-3, 7-5) за 87 минути игра.
До триумфот Ивановски стигна благодарение на искористените брејк шанси во мечот 3/6 за разлика од ривалот, кој имаше 1/4, а притоа Ивановски имаше и седум ас сервиси.
Во првото коло од главниот турнир Ивановски ќе игра против искусниот 34-годишен Германец Петер Гојовчик, кој во финалните квалификации беше поуспешен од Акира Сантилан од Австралија со 2-0.
Утрешниот противник на Ивановски триумфираше на турнирот во Братислава во 2014 година.
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
