Гечевски: Работнички има квалитет да победи на квалификацискиот турнир за ФИБА Евро купот во Скопје

Спортскиот директор на кошаркарскиот клуб Работнички, Тодор Гечевски, очекува добра сезона за „црвено-белите“, како во домашните натпреварувања, така и на меѓународна сцена.
По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава ќе игра во квалификациите за ФИБА Евро куп.
– Оваа сезона имаме посериозна екипа, неколку нови засилувања. Домашниот терен и квалитетот со кој располагаме ни дава за право да се надеваме на прво место во претстојните квалификации, иако постои можност и како второпласирани во групата, да продолжиме во меѓународните натпревари. Мислам дека сме добро подготвени. Екипата е направена порано за да има време за воигрување. Четириесетина дена сме во тренажен процес. Размислуваме за сериозни успеси и верувам дека со нашите навивачи можеме да го постигнеме тоа. Одиме натпревар по натпревар. Со стабилниот буџет и поддршката од двата големи спонзори општината Центар и МТЕЛ мислам дека можеме до успеси, изјави Гечевски на денешната прес-конференција.
На претстојните натпревари со Рапид Букурешт (Романија), Сахах (Азербејџан) и Донар Гронинген (Холандија) европско деби во дресот на Работнички ќе има еден од најдобрите млади македонски кошаркар, Андреј Шошкиќ.
– Имаме подобра екипа од лани и со тоа амбициите се поголеми. Хемијата во тимот ја градиме цел месец. Сите заедно се стремиме кон врвот и очекувам да ги оствариме нашите цели, рече Шошкиќ.
Квалификациите за ФИБА Евро купот ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје од 2 – 5 октомвври.
Работнички денес од 18 часот против ТФТ го игра натпреварот од 1. коло во македонското првенство.
Ново на Сител
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
-

Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7
-

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки
-

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот
-

Стармер соопшти дека поднесува оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија
-

Лекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против корупцијата во здравството
