Давидовски по подиумот во Монца: Многу го посакував овој пласман
Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона.
Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за високи пласмани на трките во Алгарве (Португалија) и По (Франција), но еднаш беше удрен од ривал, а потоа имаше и дефект. Откако имаше голем судир на Хунгароринг (Унгарија), повторно доби шанса на втората трка возена на Пол Рикар (Франција), но и покрај тоа што водеше во трката, автомобилот ги изневери неговите очекувања.
- По многуте викенди со технички проблеми, судири и разни малери, задоволен сум што успеав да го реализирам потенцијалот со освојување на трофејот за третото место во првата трка. За неколку илјадити делови од секундата загубив дури две стартни позиции, откако поголемиот дел од квалификациите ги минав со најдобро време, но клупската политика е таква што податоците за штелувањата се достапни за сите, па тимските колеги можеа да го видат мојот сет ап. Не сакав да преземам многу ризици бидејќи овој подиум во Монца навистина го посакував, па само се грижев да го чувам Коронел зад мене во првата трка, но и тој возеше мудро со оглед на тоа што се бори за шампионската титула. Да се биде во иста секунда со победникот доволно кажува како податок, изјави Давидовски.
Во втората трка Давидовски наместо од четвртото место стартуваше од седмата позиција, но сите возачи беа во една голема група и немаше големи разлики меѓу нив.
- Искрено, очекував повеќе од втората трка, но втората половина возев со вклучен аларм за можен дефект на ладилникот и не бев во ситуација да притискам како во првата. Механичарите ќе имаат работа да проверат дали се е во ред со моторот и дали ќе имам потреба од нов за идната трка.
Следната трка ќе се вози во Барселона.
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
