Бронза за Трајковски од „Макпетрол“ на Светските боречки игри

Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, се пласира на третата позиција на Светските боречки игри кои што од 18 до 22 октомври се одржуваат во главниот град на Саудиска Арабија. Трајковски, заедно со Стефан Стојановиќ, исто така, член на скопскиот клуб, се единствените македонски спортисти што учествуваа на овој глобален собир на којшто се натпреваруваат над 1.700 индивидуалци од 80 земји.
Освојувањето бронзен медал од Светските боречки игри е врвен успех со којшто уште еднаш се потврди квалитетот на нашиот најдобар каратист во конкуренција на помлади сениори (У21). Во елиминацискиот дел, Трајковски (-84 кг.) во својата група беше второрангиран со шест освоени бодови. Оствари две победи и еден пораз, по што се пласира во полуфиналето. Во оваа борба беше поразен од натпреварувач на домаќинот и не успеа да обезбеди влез во финалето.
Витомир Трајковски е актуелен светски вицешампион во возрасната категорија на помлади сениори (У21). Тој лани во Коња, Турција, освои сребро. Во Ларнака, Кипар, на европското првенство годинава, се закити со бронзен медал, додека на Светската премиер карате-лига во Атина во сениорска конкуренција, исто така, се пласира на третата позиција.
Стефан Стојановиќ (+84 кг) е вториот македонски каратист кој беше дел од светските боречки игри. Тој не оствари две победи во елиминацискиот дел и заврши во својата натпреварувачка група како треторангиран со три освоени поени. Имаше победа над претставникот на Либија, а во одлучувачка борбата со член на тимот од Казахстан, тој загуби со минимален резултат и не се пласира во полуфиналните борби.
Светските боречки игри во Ријад, Саудиска Арабија се глобално натпреварување кое што, освен карате, вклучува и 15 други спортови.
Ново на Сител
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
