Барселона победи кај Партизан, Фенер го растури Панатинаикос
Барселона остана нерешлива енигма за Партизан во Евролигата. Каталонците вечерва победија во Белград со 92:83. Во исто време Фенербахче го декласира Панатинаикос со 83:69. Конечниот резултат не ја покажува доминацијата на турскиот тим.
Барселона и по третото коло нема пораз во Евролигата, додека Партизан го запиша вториот пораз. Барселона, со исклучок на воведните минути, константно имаше предност.
Најчесто разликата се движеше од шест до 10 поени. Највисоката предност на Каталонците изнесуваше 12 поени.
Најефикасен актер на теренотбеше Николас Лапровитола со 20 поени и дури шест тројки од 10 обиди. Го следеа Вили Ернангомез и Оскар Да Силва со по 15, односно 13 поени, а двајцата имаа по четири скока. Двоцифрен беше и Јан Весели со 12 поени и шест скока, а на скокот особено добар беше Џабари Паркер со 11 скока топки и девет поени.
Кај Партизан се истакна Џејмс Нанали со 14 поени, Пи Џеј Даузер додаде 13 и имаше пет асистенции. Двоцифрен беше и Зек Ледеј со 12, Пантер и Аврамовиќ постигнаа по 11.
Избраниците на Димитрис Итудис го победија дома Панатинаикос со 83:69 (27:9, 16:19, 24:17, 16:24).
Првиот период Фенер го доби со 18 поени разлика и тука беше решен победникот. Во последниот период домаќините дојдоа до највисоката предност 72:47 и тука застанаа, па Панатинаикос извлече присотен пораз.
Фенербахче до победата го предводеа Јоргос Папајанис со 15 поени, Џонатан Мотли со 14 поени, Марко Гудуриќ и Ник Калатес постигнаа по 12 поени.
Кај Панатинаикос подобар од останатите беше Матијас Лесор со 19 поени.
Ново на Сител
-

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

Градскиот парк во Скопје прелеан со емоции: Леон го прослави 13-тиот роденден опкружен со љубов и поддршка
-

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
