Македонија
12. February 2023 - 16:34

Споменици, спомен-плочи и бисти во Охрид вандализирани, украдени, руинирани - нeопходна е изработка на мапа и грижа од општината

Културно историските споменици оставени на забот на времето. Најголем дел од спомениците, спомен плочи и бисти со години се цел на вандали и собирачи на старо железо. Историчарите сметаат дека потребно е да се изготви регистар и мапа на ова вредно богатство но и поголема грижа од страна на надлежните и локалната.

Стручноста е неопходна во сите професии, но кога се работи за заштита мора да се има професионален тим.

Спомениците  кои се неми сведоци на едно минато време, се подзаборавени. Според добрите познавачи спомен обележјата треба да останат патоказ за сегашните и идни генерации.