Македонија
13. February 2024 - 16:34
СПМ ја промовираше книгата „Колишевски и Македонија“
Преку промоција на книгата „Колишевски и Македонија“, Социјалистичката партија на Македонија денеска му оддаде почит на како што велат една од најзначајните личности од македонската историја.
Како народен херој, политичар и прв претседател на Владата на Македонија во рамките на СФРЈ, придонесот на Колишевски во формирањето на современата македонска држава не смее да биде заборавен.
Неговите идеали и денес треба да бидат водилка за градење и обединување на македонскиот народ.
Со денешната промоција на книгата „Колишевски и Македонија“, Социјалистичката партија одбележа и 110 години од раѓањето на Лазар Колишевски.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
