Спасовски за бегството на Гури: Судот да каже зошто воопшто бил пуштен во куќен притвор
Откако пред речиси три недели избега од домашен притвор, полицијата се уште не го нашла екс заменик директорот на УЈП и функционер на ДУИ, Исмет Гури. Иако се бара со меѓународна потерница, од МВР не откриваат детали, но и дали го лоцирале во друга држава. Министерот Оливер Спасовски, смета дека судот треба да каже зошто воопшто Гури бил пуштен во домашен притвор.
Гури неколку дена пред Нова година од Шутка беше пренесен во домашен притвор поради здравствени проблеми. Но откако Обвинителсвото ја обжали одлуката, Кривичниот совет се премисли и донесе одлука Гури да биде вратен во затворски притвор.
Но дента кога полицијата отишла кај него дома да го врати во Шутка, не го нашле и се распиша меѓународна потерница по него. Но Гури не поседува пасош, односно кога му е определена мерката притвор истиот му е одземен.
Гури беше уапсен минатото лето, поради вмешаност со даночни измами. Во Титаник 3 на повтореното судење, Кривичен му изрече неправосилна затворска казна од три години и шест месеци, за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во Чаир.
Гури беше истакнат активист на ДУИ пред да приклучи на партијата на Изет Меџити, Демократско движење.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
