Спасени над 200 мигранти во пет одвоени случаи во поширокиот морски регион кај грчкиот остров Крит

Во пет одвоени случаи во морскиот дел јужно од грчките острови Крит и Гавдос, од синоќа до рано утрово припадниците на крајбрежната служба на Грција и силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 240 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од петте случаи, четири се рано утрово, кога биле откриени четири чамци со 202 мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата на Крит и Гавдос.
Два чамци со 44 и 60 лица, со помош на воздушно средство на силите на Фронтекс биле откриени во морскиот дел јужно од Иерапетра и Кали Лимени на Крит, додека пак другите два чамци со 63 и 35 лица се во близина на малиот остров Гавдос.
Паралелно, доцна синоќа исто така јужно од Гавдос биле откриени и спасени уште 38 мигранти.
Во изминатиот период зголемени се мигрантските бранови кон Крит и Гавдос со оглед на тоа што криумчарите ја користат т.н. јужна рута за од мигрантите од Либија кон Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
