СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, гостувајќи во емисија на американската телевизиска станица Фокс, изјави вечерва дека заедно со претседателот на САД Доналд Трамп ќе го врачат трофејот на победникот во финалето на Светското првенство.
„Претседателот и јас ќе уживаме во финалето заедно и ќе му го врачиме трофејот на победникот, заедно секако“, рече Инфантино во емисијата „Фокс и пријатели“.
Односот на Инфантино и Трамп е исклучително пријателски, што беше особено очигледно во декември минатата година кога Инфантино му додели на Трамп фиктивна награда за мир на ФИФА за време на жрепката за групната фаза на Светското првенство.
Финалето на Светското првенство ќе се игра на 19 јули во Ист Радерфорд, во близина на Њујорк, родниот град на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
