СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист

Репрезентацијата на Швајцарија е последната која обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот откако синоќа по изведување на пенали ја победи Колумбија со 4:3, а дуелот заврши без голови. Нивни противник ќе им биде светскиот првак Аргентина, која со 3:2 го победи Египет.
Во натпревар со многу тактизирање, двете репрезентации играа без премногу ризик и на крајот нерешениот резултат беше очекуван и пеналите го решија победникот.
При изведувањето на пеналите во втората серија Дависон Санчез кај Колумбија не погоди, односно ја погоди пречката. Во третата серија се врати неизвесноста откака за Швајцарија, Мануел Аканџи лошо го изведе пеналот. Но, Колумбија не поведе откако ударот на Кучо Хернандез, голманот на Швајцарија Грегор Кобел го одбрани. Предноста швајцарскиот тим ја зачува, а Рубен Варгас беше сигурен изведувач на последниот пенал за 4:3.
Натпреварот Аргентина – Швајцарија се игра на 12.јули во Канзас Сити.
МИА
Ново на Сител
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
