-->
-->
СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-->

– Репрезентацијата на Англија со двата гола на Џуд Белингем стигна до победата од 2:1 против Норвешка, која пак имаше водство од 1:0. Со овој триумф Англија обезбеди полуфинале на Светското првенство.
Норвешка поведе преку Андреас Шјелдеруп во 36.минута. На полувреме беше 1:1 откако Англија преку Белингем изедначи во 45+2 минута, а откако немаше победник во регуларниот дел се играа продолжетоци. Повторно човек за одлука за Англија беше Белингем со својот втор гол на дуелот или вкупно шести на шампионатот. Тој во 93.минута ја доведе својата репрезентација во водство од 2:1 што се покажа и како конечен резултат.
Англија во полуфиналето на 15.јули во Атланта ќе игра против Аргентина, која со 3:1 по продолжение ја победи Швајцарија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
