СП 2026: Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата.
Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1.
Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари завршија нерешено.
За Шпанија ова ќе биде само второ мундијалско финале во историјата, по 2010 година кога ја освои титулата.
Аргентина ќе ја брка својата четврта титула на Светското првенство, откако претходно победи во 1978, 1986 и 2022 година.
Доколку Аргентинците ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар ќе го повторат успехот на Италија (1934 и 1938 година) и (1958 и 1962), како единствени две репрезентации кои освоиле две едноподруго светски титули.
МИА
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
