СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето

Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство со епски пресврт и победа од 3:2 против Египет. „Гаучосите“ губеа со 2:0, промашија пенал, но со головите на Кристијан Ромеро, Лионел Меси и Енцо Фернандез во самата завршница успеаја да ја скршат храбрата екипа на „фараоните“.
Египет рано дојде во водство преку Јасер Ибрахим во 15. минута. Само неколку минути подоцна, Лионел Меси промаши пенал, со што резултатот остана 0:1 во корист на аутсајдерот по првите 45 минути.
На стартот на вториот дел, Египет преку Мостафа Зико зголеми на 2:0, најавувајќи сензација.
Аргентинците ја започнаа драматичната мисија за спас преку Кристијан Ромеро, кој намали на 2:1 во 79. минута. Во 83. минута, Меси израмни на 2:2, а во судиското продолжение (90+2 минута) Енцо Фернандез погоди за конечни 3:2 и делириум на стадионот во Атланта.
Со оваа победа, Аргентина закажа четвртфинален дуел против подобриот од пресметката помеѓу Швајцарија и Колумбија. Египет, и покрај елиминацијата, ќе остане запаметен по својот историски мундијалски настап.
Ново на Сител
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
